slika-logo
slika-iilogo
 
         

 

 

 

Галичка свадба
Галерија
Галичка носија
Контакт

 

 

 

Галичник е име што не треба да се изговара наизуст, за да не се потроши во тој здив, за да не биде изречен и заборавен во хтонските коридори на минатото, за да не стане само збор што се појавува на нашите усни и се повторува со лежерност на досада. Треба да е ритам што извира од нашите срца, треба да е светол импулс на ореолот на Македонците.

 

Ах, Галичник!...

Петровден во Галичник

Нарочуват, бело Менде, порочуват како зноеш, Аџи-Павле, да си доеш да си доеш, Аџи-Павле, пред Петровден...

Ви нарочуваат, драги пријатели, добромислители на Галичник, ви порочуваат како зноете на Петровден в Галичник да си доете.

Петровден во Галичник. Ден на божјиот избраник, на рајскиот домаќин, човекот-светец, сеповрзувач на земното и небесното. Ден-сведоштво на човечкото достоинство христијанско. Господов ден, човеков ден, триумфален ден на невозможноста на изумирањето на традицијата во битието.

 

Во македонската носија е впишан “кодот” на историските настани и културни влијанија и денес претставува дел од македонската културна ризница. 
Во фондот на носии  Ансамблот поседува голема колекција на оригинални носии, како и стилизирани носии што се користат за одредени кореографски постановки.

 

 

Copyright © 2007 Институт за Информатика - Скопје, CDNH - Скопје