slika-logo
slika-iilogo
 
 

 

 

 

Галичка свадба
Галерија
Галичка носија
Контакт

 

 

 

 

"Нарочуват бело Менде порочуват,

како зноеш, Аџи Павле, да си доеш,

да си доеш, Аџи Павле, пред Петровден,

пред Петровден, Аџи Павле, две недели,

ако не доеш, Аџи Павле, пред Петровден,

ќа го наеш бело Менде оможено."

 

Петровден во Галичник. Ден на божјиот избраник, на рајскиот домаќин, човекот-светец, сеповрзувач на земното и небесното. Ден-сведоштво на човечкото достоинство христијанско. Господов ден, човеков ден, триумфален ден на невозможноста на изумирањето на традицијата во битието.

Повикот да се дојде, види драмата на животот и победи смртта на заборавот, значи да се почуствува крајната апсолутна вистина: Родени сме и живееме во Галичник, со своите предци и потомци, за век и веков додека постои светов! А бидејќи енергијата на постоењето е неуништлива, тоа значи: ЖИВЕЕМЕ ВЕЧНО!

Токму таа вечност вечно живее во селото Галичник.

Ах, Галичник...

Во вас пулсира желбата да го спознаете ова свето место, обесмртено со поемата Сердарот, а доколку веќе сте ја сетиле вистинитоста на Прличевата поетичност:

Природата шепоти жива,

остани човече, уште!

 

slika ...Тогаш сигурно ја чуствувате врелоста на копнежот да се биде таму, во селото, во неговата утроба. Секое живо суштество се раѓа од утробата на својот предок. Ако длабоко во себе го има сфатено тоа, тогаш секое суштество лесно ја рабира галичката суштина.

 

 

 

Copyright © 2007 Институт за Информатика - Скопје, CDNH - Скопје