slika-logo
slika-iilogo
 
         

 

 

 

Галичка свадба
Галерија
Галичка носија
Контакт

 

 

"На земјината топка постојат населени места кои според значењето што го добиле со текот на настаните, се издвојуваат од рестото села и градови. На по малку необјаснив начин тие делуваат како да впиле чудна енергија, та зрачат низ времето со луѓе и збиднувања што ја бележат епохата или историјата воопшто. Речиси и нема нација која сопствениот идентитет и дух, на одреден начин, не го врзува за некој конкретен локалитет. Така Русија ја има својата Јасна Полјана, Америка Бафало, а Шпанија Герника. Ако е така, тогаш и Македонија го има својот - Галичник."

Владимир Јовановски



 

"Ако Македонија е библиска земја, Галичник е нејзината последна реликвија! "

Петре М. Андреевски

 

Ако уметноста е потребна на душата, тогаш од овие зборорви на писателот Петре М. Андреевски - сценаристот на документарниот филм Петровден во Галичник, душата е потполно задоволена. Дали Бог ја создал оваа прекрасна земја заради потребата да и се наследува? Дали Мијакот галички му пркоси и на богот-природа и со него се надигрува, го надминува, творејќи на земјата архитектура величествена? Веројатно Бог и на неа и се радува. Веројатно на човекот - Мијак - градител тоа му милува. Милината не му е туѓа на душата, бидејќи е составен дел од крвта негова. Мијак...


 

"Мијаците ќе се речет едно име од сиве Македонци, зашто Мијаците се дојдени најнапред у Македонија, кога се насељувале у Илирија, та затова едно; а друго, това име е произлезено овака: све помеѓу себе намиљос си вељат. А Мијаците се вељат и затова, зашчо имајет уште еден јазик од овја, кој е оделен, а тој им је ластовечки и тајни, меѓусебе кога им треба си зборувајет."

pulevski Како светлост на ѕуница, овие зборови на галичанецот Ѓорѓија М. Пулевски ги расветлуваат премногуте тајни, загатки, претпоставки. И тогаш, секавично се поставува прашањето: Дали дрвото без корени може да даде плодови? Дали буквите на галичките ракави во себе содржат мистериозни пораки? Дали нашите предци говорат преку тајни симболи, напишани и возможно читливи само преку традиционалните вредности? Дали...?

 

 

Copyright © 2007 Институт за Информатика - Скопје, CDNH - Скопје