slika-logo
slika-iilogo
 
         

 

 

 

Галичка свадба
Галерија
Галичка носија
Контакт

 

 

Женската носија која ја носеле Галичките жени е една од неколкуте карактеристични носии познати во целиот свет. Галичката женска носија била состевена од здолаче, минтан, кошула, нароквици, елек, долама, клашеник, појас, скутина, кожувче, зобан и многу други делови кои подетално ќе ги опишеме од што се составени и кога се носеле.

носија2

Здоланче преставувала долна облека со ракави, била долга до колена изработена од домашна ткаенина наречена кошула. Се облекувала на голо тело под минтанот. Се користела наместо долга кошула или фанела. Во функција на долна облека се носело и литавинче кое било правоаголно парче од ткаенина и преставувало еден вид на кошула кое било лито ткаено едноставно или каро шарено. Се носело околу опашано, односно до појасот надолу до потколениците. Литавинчето се користело и како подметач се со цел да се добие помасивен телесен изглед. Минтанот се користел како долна појасна облека со долги ракави од изработен од домашна волнена ткаеинина. На предниците односно градниот дел, и на ракавите од лактите надолу биле украсувани со апликација од темноцрвено кадифе или алаџа, згора извезен со срмено бикме и гајтани. Напред се закопчува со сребрени филигрански копчиња. Кошулата била изработена од бело тенко домашно своечко односно засебечко платно (за ракави, а подебело за поли) или специјално солунско платно (кое било посебно погодно за везење), која била долга до глуждовите. Кошулата како една од најкаракеристичните делови од женската носија била кроена од следниве делови: преден и заден стан (од едно платно), рамни и широко отворени ракави, клиње што ги соединуваат становите и ракавите под мишките и узгрло (предница) или парта (аплицирано парче на градниот и вратниот дел). Кошулата била везена на ракавите на градниот дел со специфичен ажурен вез на црвена основа, познак како кинатица или како кинат вез, а на долниот околен дел, односно на полите, со бел вез (чикме).Заедно со кинатицата, прилично застапена била и техниката полнетица. Паралелно со овие техники тука се и други техники како кривале - што кошулата се везе околу партите, како дополнителен дискретен украс во вид на цик-цак контура, со црвен конец, а на долниот околен дел со бел конец и др. во колоритот основна е аловата или чиста црвена боја, а како акценти се појавуваат зелената, модрата, жолтата, златната и сребрената (срма) бои. Најдоминантна е везбената декорација на ракавите. Таa се карактеризира со строго геометриски орнаметални форми, распоредени во хоризонтални и вертикални појаси. Орнаментите се именувале како колце, крст, пилиња, петлиња, мошкаре и др. Повеќето од нив по својата форма потсетуваат на букви, како на пример С, Х, Е, И. Ракавите на долниот дел се украсени на единствен и специфичен начин со снопчиња реси, долги околу 20 см. Овој комплетен вид декорација е застапен кај скоро сите женски кошули, меѓутоа, многу од нив се разликуваат по намената за одредена возраст, семејна положба или одредена прилика. Во тој поглед се разликуваат следниве видови на кошули: мала пошнавица, голема пошавица, убава кошула или тнока кошула, водарска или за на вода кошула, колачарска, цветничарска, помала кошула, полнето кината (со едно кината, со три кинати и сите кинати), помала чиста, чиста потишчена, калеша и др.

slika1 slika2

Нароквиците преставувале еден вид полуракави од клашна или од шајак, биле украсени со срмен вез. Се носеле од дланката до лактите. Ги носеле обично богатите жени. Елек бил допоасна без ракавна облека изработена од домашно ткаено платно, со предници потплатени со свита чоја. Бил украсен со срмен вез и гајтани. Напред се закопчувал со срмени или со позлатени петлици.Долама преставувала горна девојачка облека од бела или од црвена клашна, со долги ракави, долга до колена. Од половина надолу (позади) била набрана, на градите украсена со срмен и копринен вез, на предниот граден дел 9до половина) се закопчува со петлици. Клашеник била горна облека изработена од бела клашна, долга до колена. Била наменета за девојки со куси ракави до лактите, или пак за невести без ракави. На предниците клашеникот е украсен со свитки, кои биле богато извезени со срмени и алосани гајтани, букме и со сребрени или позлатени петлици. На рабовите и долниот дел е украсен со црвени и црни гајтани.

slika3 slika4

 

 

Copyright © 2007 Институт за Информатика - Скопје, CDNH - Скопје