slika-logo
slika-iilogo
 
 

 

 

 

Галичка свадба
Галерија
Галичка носија
Контакт

 

 

 

 

Појасот бил исткаен од чиста вишна волна и се јавувал во две варијанти како еднобоен и прошаран со прави напречни шарки или во каро комбинација. Доламата преставувала горна празнична облека од бела клашна, со долги ракави, долга до колена. Ракавите, под мишките била расечена, и се носела на два начина, едниот е рацете да бидат проврени преку целата должина на ракавите или само низ расечениот дел под мишките (и на тој начин носени паѓаат назад кон грбот и се опашуваат за појасот). Доламата до горниот дел е препиена до телото, а од половината надолу се проширува ѕвонесто со помош на многу клиње. Од страните на клиновите има џебови. По рабовите е опточена со зелена оптока, а предниците и ракавите се украсени со црни гајтани и бикме. На лаките ракавите се орнаментирани со колчази и со пулејки, а предниците (градниот дел) е украсен со петлиња и со криваче.

Женската носија која ја носеле Галичките жени е една од неколкуте карактеристични носии познати во целиот свет. Галичката женска носија била состевена од здолаче, минтан, кошула, нароквици, елек, долама, клашеник, појас, скутина, кожувче, зобан и многу други делови кои подетално ќе ги опишеме од што се составени и кога се носеле.

 

 

 

Здоланче преставувала долна облека со ракави, била долга до колена изработена од домашна ткаенина наречена кошула. Се облекувала на голо тело под минтанот. Се користела наместо долга кошула или фанела. Во функција на долна облека се носело и литавинче кое било правоаголно парче од ткаенина и преставувало еден вид на кошула кое било лито ткаено едноставно или каро шарено. Се носело околу опашано, односно до појасот надолу до потколениците. Литавинчето се користело и како подметач се со цел да се добие помасивен телесен изглед. Минтанот се користел како долна појасна облека со долги ракави од изработен од домашна волнена ткаеинина. На предниците односно градниот дел, и на ракавите од лактите надолу биле украсувани со апликација од темноцрвено кадифе или алаџа, згора извезен со срмено бикме и гајтани. Напред се закопчува со сребрени филигрански копчиња.

 

   

 

 

 

Copyright © 2007 Институт за Информатика - Скопје, CDNH - Скопје