slika-logo
slika-iilogo
 
 

 

 

 

Галичка свадба
Галерија
Галичка носија
Контакт

 

 

 

 

Галичник е име што не треба да се изговара наизуст, за да не се потроши во тој здив, за да не биде изречен и заборавен во хтонските коридори на минатото, за да не стане само збор што се појавува на нашите усни и се повторува со лежерност на досада. Треба да е ритам што извира од нашите срца, треба да е светол импулс на ореолот на Македонците.

 

 

Ах, Галичник!...

Петровден во Галичник

Нарочуват, бело Менде, порочуват како зноеш, Аџи-Павле, да си доеш да си доеш, Аџи-Павле, пред Петровден...

 

Петровден во Галичник. Ден на божјиот избраник, на рајскиот домаќин, човекот-светец, сеповрзувач на земното и небесното. Ден-сведоштво на човечкото достоинство христијанско. Господов ден, човеков ден, триумфален ден на невозможноста на изумирањето на традицијата во битието.

 

 

Галичката Свадба во своето опстојување придонесе да се негуваат единствените свадбарски обичаи и ритуали, на жителите од овој крај, да се сочувааат изворните песни, ора, и надалеку познатата галичка носија-изработена со филигранска прецизност и точност на терзиите.

 

сф

 

 

Copyright © 2007 Институт за Информатика - Скопје, CDNH - Скопје