Теово

Во прегратките на планината Јакупица непосредно пред клисурата на реката Бабуна, оддалечено околу 35 километри југозападно од Велес, се наоѓа селото Теово. Тоа се наоѓа во централниот дел од Македонија. До него може да се стигне со жележничката линија Скопје-Битола или пак по асфалтниот пат кој го поврзува градот со ова село. Селото Теово денес брои 120 куќи во кои живеат околу 50 семејства, чие главно занимање им се сточарството и земјоделството. Како главни знаменитости во оваа село се манастирот „Свети Архангел Михаил,“ црквата „Свети Атанасиј“ и петвековниот чинар кој се наоѓа на сред село за кој има податоци дека со неговата местоположба е точно во центарот на Македонија.

cinarotЗа разлика од градот Велес, кој е високо-индустријализирана зона и има нарушена еколошка средина, околината на селото Теово изобилува со чистота е ненарушена околина. Тое село е еден мал рај на земјата кој сеуште не е допрено од индустрилизацијата. Селаните овде живеат во мир и слога во склоп со убавата природа која го опкружува самото село. Селаните се одликуваат со виталност и долговечност. Самото место се одликува со таков мир што луѓето ги потикнува да живеат во слога. Самоте теовчани укажуваат на тоа дека на нивното село нема потреба од редари. Според нив ова навистина е еден мал рај на земјата.

 

Институт за информатика-лого CDNH лого