За самиот Манастир

Самиот манастир, „Свети Архангел Михаил,“ е изграден на 450 метри надморска височина врз темелите на стар богомилски манастир, кој настрадал во пожар. Манастирот е изграден на површина од 3000 квадратни метри на која се сместени самиот храм, камбанаријата и конакот. Манастирсmanastirката црква е едно корабен храм со дименизии 9 х 4.5 метри, додека пак централното кубе е со висина од 7 метри и е дело на архитектот Драгиша Живковиќ, а зоографи на иконите се Светозар Богдановски и Тања Мишева. Автори на фрескоживописот се Драган Ристевски и Лазар Лечиќ од Охрид.

Камбанаријате е доминантниот објект во манастирскиот комплекс. Нејзината основа е 2,5 x 2,5 метри во приземјето, со три ката во висина на 23 метри. Манастирскиот конак е вистинско ремек дело на градба и уредување стамбен простор. Во основа содржи димензии 18 x 9 метри со две ниски приземја, кат со каскадно решение и две поткровја. Корисната површина изнесува вкупно 340 квадратни метри. Со мали исклучоци сите градежни објекти се завршени и опремени со нова опрема. Целиот комплекс е ограден со камена и кована ограда, а внатрешниот простор е зазеленет со култивирана трева. Самиот ктитор се заложил за да се изгради нов асфален пат кој води до манастирот, а исто така и стариот оштетен пат да биде поправен.

Институт за информатика-лого CDNH лого