С. Стење, Ресенско
Црквата "Свети Илија" се претпоставуваат дека е изградена во 1870 г. Црквичето е реновирано во 1922 г., од кога потекнуваат и првите сеќавања на стенчани за "Свети Илија". Cместена во пазувите на планината Галичица, оддалечена 6 км. од  Стење.
Во заливот Лиса има панорамски поглед на езерото. Стење има 399 жители, се занимаваат  со земјоделство, одгледуваат јаболка, најчесто од сортите ајдарес и златен делишес. 10-тина стенчани лебот го вадат од рибарењетo. Преспанско езеро е богато со белвици, крапови тешки и до 20 килограми, а поретко има јагули и сомови.
Неколку километри од Стење, во карпите високи три метри може да се види фреската на света Петка. Според легендите, ја поставил рибар што се спасил од бура. Тој видел светлина и успеал да дојде до местото од каде што доаѓала. На тоа место поставил икона на светицата што го спасила. Во близина на заливот се наоѓа и с.Коњско последно од македонска страна сместено на тромеѓето. Покрај селските куќи, кои се руинирани, има и колиби од ендемичното дрво фоја.
Туке е и с.Подмочани, каде што можe да се  посети приватниот Етнолошки музеј.  назад на мени..