Во Преспанската котлина се наоѓаат Големото и Малото Преспанско езеро. Малото Преспанско езеро и припаѓа на Република Грција, а Големото Преспанско езеро е поделено помеѓу Р.Македонија,Грција и Албанија и тоа 65% на Р.Македонија,18% на Албанија и 17% на Грција.

Преспанско езеро се наоѓа помеѓу 41о,27" и 40о41"северна географска ширина, на југозападниот дел од Република Македонија.

Преспанското езеро се наоѓа на надморска висина од 853 м. Тоа зафаќа површина од 273 км?. Вкупната должина на оската (север-југ) изнесува околу 34 км,а широчината на езерото е од 2,7-10 км. Вкупната должина на крајбрежната линија изнесува 107 км. Најголема длабочина езерото има пред Нивичкиот залив, во месноста Глубина 54м, кај месноста Казан длабочината изнесува 34м. Нивото на водата постојано осцилира. Минимално регистрирано ниво (1995 год.) е 844 м надморска височина. Но сигурно не било и најниско за што зборуваат постоењето на стари населби, кои се забележуваат при низок водостој во езерската вода на повеќе места. продолжува....