Постојат многу легенди за преспанскиот крај.

Маркова нога Долно Дупени Преспа: Пред многу години Крале Марко се шетал по крајбрежјето на Преспанското езеро. Шетајќи така, посакал да го види и малото езеро, односно езерото Мала Преспа ( денес во Грција) Затоа се поткачил на еден камен, па од тежината оставил трага на него.
ПРЕСПАНА: Царот Самуил имал ќерка Преспана, која по смртта на својот татко живеела во крајбрежното село Царев Двор. Била надалеку позната по својата мудрост, убавина и храброст. Кога разбрал еден византиски дворјанин, а според некои преданија тоа бил цар Василиј, решил да ја побара нејзината рака. Кога дошол по неа, со цела свита, Преспана не скајќи да му стане сопруга на противникот на нејзиниот татко се фрлила во езерото. Од тогаш до ден денешен тоа езеро се вика по неа - Преспа.
 
ГОЛЕМ ГРАД: На островот живеат стотици змии, кои - според легендите - го чуваат богатството на цар Самуил. По друга легенда змиите се собираат бидејќи Голем Град е единствено место на кое можат да живеат без да им пречи човекот.  Св.Петка Неколку километри од Стење, во карпите високи три метри може да се види фреската на света Петка. Според легендите, ја поставил рибар што се спасил од бура. Тој видел светлина и успеал да дојде до местото од каде што доаѓала. На тоа место поставил икона на светицата што го спасила. назад на мени..