Историјат

Сеќавања од времето на Илинденското востание

Леарницата за леење на куршуми и поправка на оружјето на востаниците била отворена со наредба на Времениот извршен совет по ослободувањето на Крушево,на Времената влада на Крушевската република, на заседанието од 4 август 1903 со кое раководел Никола Карев. Според историските документи и сеќавањето на живите Илинденци леарницата била сместена во куќата на Илија и Коста Лапевски на ул.Т. Никле бр. 57. Со неа раководеле искусни железари и туфекчии Ставре Борјар и Митка Манак. Леарницата била под раководство и надзор на интелектуалната група. Во леарницата носеле оружје за поправка Злата Ристеска-Кеша, Донка Журчаноска-Иљојче. Носењето оружје најчесто било на штици за печење на леб или кошници, а го преземала Пашка Лапеска и го предавала на мајсторите. Сеќавања има на Тоду Борјар, конструкторот на црешовото топче, на Бранко Благоески чиј татко бил член на интелектуалната група, во сеќавањата на Никола Киров Мајски. Со Мајски авторот на овој текст (Крсто Топузиски) за време на неговиот последен престој во Крушево во 1957 год. повеќе дена водел разговори за текот на востанието, неговата улога и значење , а посебно за леарницата на куршуми и поправка на оружјето инаку објектот е прогласен за споменик на културата во 1953 год.

Copyright © 2007 Институт за Информатика