Дејност и мисии

Глаголица

Буква
Старословенски
црковен назив за
буквата
Старословенски
назив за буквата
Изговор
Кирилична форма и стари букви

Аз'

/ɑ/

(А а)

Буки

Буки

/b/

(Б б)



Моравска мисија

Царот Михаил и патријархот Јоан го повикале од Олимп блажениот Константин, му раскажале што барале Хазарите и му рекле: "Оди, филозофе, кај тие луѓе, и со помош на Светата Троица, благослови им го учењето за Пресветата Троица оти никој подобро и подостојно од тебе не ќе може да ја заврши таа работа". А тој рекол: "Ако наредиш, господаре, за таква проповед со радост ќе појдам пеш бос, без ништо, како Бог што им наредил на своите ученици да не носат ништо". Но царот...

Брегалничката мисија на Константин Филозоф.
Создавање на словенската азбука и книжина

И покрај сестраните ангажирања на Методиј да ги зацврсти византиските позиции во рамките на управуваното кнежество, во тоа не успеал за што главна причина биле зачестените бугарски завладувачки походи. Тоа, пак, ја натерало византиската централна власт да го испрати на мисионерска работа во Стримонската склавинија Константин Филозоф, со цел да му помогне на својот брат Методиј. Неговата мисионерска дејност главно се одвивала меѓу Словените кои живееле...

Престојот во Рим

Папата Николај, слушајќи за Светите браќа Кирил и Методиј, со љубезна покана ги повикал да дојдат кај него во Рим. Тие со задоволство ја прифатиле неговата покана и тргнале за Рим. Патем се задржале во Панонија, кај кнезот Коцел. Тој со радост ги примил во градот Блатно и покажал голем интерес кон словенската писменост научувајќија самиот тој азбуката,а истотака им дал педесет ученика да ја научат азбуката и Словото Божјо на словенски јазик. На испраќањето...

Назначувањето на Методиј за епископ

По смртта на Св. Кирил дошле кај папата пратеници од кај Панонскиот кнез Коцељ, со молба да им го пушти блажениот Методиј. Папата им одговорил на пратениците со следните зборови: "Не само на вас, туку и на сите словенски народи, Ви го испраќам, како учител од Бога и од Св. Петар, прв намесник и клучар на небесното царство".
Испраќајќи го Св. Методиј кај Словените, папата му го врачил следното послание до словенските кнезови: "Адријан, епископ и слуга Божји до Ростислав, Светопулк и Коцељ! Слава му на Господа вишен и на земјата мир и меѓу луѓето добра...