Св. Благовештение

Црквата Св. Благовештение е изградена од познатите прилепски мајстори Коста Лауцот и Ристе Тасламиче кои во 1858 год. ја изградиле и саат кулата во Прилеп. Црквата претставува трикорабна монументална градба без купола. Нејзината монументалност може повеќе да се согледа одвнатре, отколку однадвор, затоа што за неколку скали таа е пониска од нивото на теренот. Тоа е така бидејќи Турците барале да не се нагласува надворешниот изглед. Долга е 32, широка 26 а висока 9 метри. На источната страна има голема олтарна апсида и две помали странични. Околу црквата се подигнати тремови, а над северниот и јужниот брод, како и над западноит влез се подигнати галерии со што уште повеќе е нагласена монументалноста на градбата. На западната страна подоцна е изградена камбанарија со изразени барокни елементи во горниот дел.
Човекот кој ја покренал иницијативата за градење ма црква е Хаџи-Ристе, познат трговец со тутун во тоа време. Тој успеал да го поткупи Беликиот везир и добил дозвола за градење на црква во Прилеп.                  

следна...