Манастир Трескавец

 На околу 10км. од Прилеп, под самиот Златоврв, подигнат е манастирот Трескавец, со манастирската црква Успение Богодоричино. Необично е убав погледот наоколу од него затоа што оттука се гледа цела Пелагонија, планините Бабуна, Пелистер и Кајмакчалан, а навечер градовите Прилеп, Битола и Крушево.
Манастирот Трескавец претставува ерден сложен комплекс од разни градби, урнатини и доградби, кои до денес се уште не се доволно проучени. Меѓутоа, врз основа на малкуте податоци од литературата и најновите истражувања, се добива непотполна слика за манастирот Трескавец.
Во еден фреско-натпис, кој се наоѓа над влезната врата на манастирот, се споменуваат византиските цареви Андроник II, и неговиот совладар Михајло IX. Тоа се, всушност, Милутин, царот Душан и неговиот син Урош се споменуваат во повелбите што ги издал Душан, како донатори на манастирот Трескавец.
Манастирот Трескавец се смета дека е подигнат во XIII век, а обновен, веројатно за време на царот Милутин. По се изгледа, манастирот претрпел уривање и запустел во првите години на XV век, поради што дошле и подоцнежните обновувања.  

следна...