Св. Димитрија

Црквата Св. Димитрија со денешниот изглед претставува еден конгломерат на повеќе градби од разни епохи. Во денешниот вид таа однадвор дава впечаток на крстообразна црква со купола на дванаестостран тамбур со тоа што јужното крило е на пониско ниво од другите. Во обработката на фасадите и апсидата е богато употребена керамопластична декорација околу отворите и на другите ѕидни површини. Декоративните елементи на архитектурата ги носат карактеристиките на градежхиштвото од XIII и XIV век. Не располагаме со историски податоци за ктиторите и датата на подигањето. Постоењето на црквата Св. Димитрија во првата половина на XIV век го дознавме од повелбата на цар Душан, со која во 1335 год. се потврдува припадноста на оваа црква кон манастирот Трескавец. Од оваа белешка може да се потврди дека црквата постои и од порано. Внатрешноста на Св. Димитрија до скоро беше покриена со вар и сликарии од поново време. Денес во неа се врши конверзија на стариот живопис. Од стариот црковен мебел зачувани се дверите од иконостасот, работени во резба кои потекнуваат од крајот на XV или почетокот на XIV век.

*Превземено од "Споменици на културата од Македонија"