Св. Архангел Михаил

Во близина на Прилеп, над населбата Варош, се наоѓа манастирот Св. Архангел Михаил со црква и стари манастирски конаци.
Денешниот изглед на црквата, со исклучок на западниот дел, ги носи сите карактеристики од последната преправка која е извршена во 1861 год.
Архитектонски решена, тоа е еднократна градба. На источната страна е полукружна апсида, а на западната е отворен трем над кој се издига камбенаријата. На јужната фасада од западниот дел на црквата, зачуван е само еден од оригиналните прозорци кој се наоѓа во горниот дел. Останатите прозори на јужната страна и северната фасада на источниот дел од црквата се изградени 1861 год, при последната поправка. Црквата Св. Архангел Михаил во научниот свет била предмет на проучување. Проблем претставувало нејзиното првобитно подигнување и подоцнежните доградби. Имено, едни тврдат дека западниот дел е првобитем, а други источниот. Најновите истражувања одеа во прилог на тезата дека источниот дел е првобитен, а подоцна кон западната страна на таа црква бил подигнат, односно дограден, дел со купола. Во 1861 год. дошло до израмнување на западниот дел од надворешната страна, подигање на камбанеријата и поставување мермерна плоча во која се зборува за обновата на црквата.

следна...