Почетна

Струга, градот на поезијата

Златен венец

Галерија

Историјат

Авторизација

Струшки вечери на поезијата

 

 

Т'га за југ

 

Орелски крилја как да си метнех,

и в наши стр'ни да си прелетнех!

На наши места ја да си идам,

да видам Стамбол Кукуш да видам,

Да видам дали с'нце и тамо

мрачно угревјат како и вамо.


Ако как' овде с'нце ме стретит,

ако пак мрачно с'нцето светит;

На п'т далични ја ќе се стегнам,

и в други страни ќе си побегнам,

к'де с'нцето светло угревјат,

к'де небото ѕвезди посевјат.


Овде је мрачно, и мрак м' обвива,

и темна м'гла земја покрива;

мразој и снегој, и пепелници,

силни ветришча, и вијулици,

околу м'гли и мразој земни,

а в гради студој, и мисли темни.


Не, ја не можам овде да седам,

не ја не можам мразој да гледам!

Дајте ми крилја ја да си метнам

и внаши стр'ни да си прелетнам;

На наши места ја да си идам,

да видам Охрид, Струга да видам.


Тамо зората греит душата,

и с'нце светло зајдвит в гората;

Тамо дарбите природна сила

Со с'та раскош ги растурила;

Бистро езеро гледаш белеит,

или од ветар сино темнеит;

Поле погледниш или планина

Сегде божева је хубавина.


Тамо по срце в кавал да свирам,

С'нце да зајдвит, ја да умирам.

 

 

Константин Миладинов

 

 

 

Златен венец 2006

Златен венец 2006

Овогодинешниот добитник на наградата Златен венец...

 

 

 

 

 

 

 

 

 

©2005-2006 Институт за информатика