Почетна
Струга, градот на поезијата
Златен венец
Галерија
Историјат
Авторизација
 

Струга, градот на поезијата

 

 

 

Струга се наоѓа на заиадниот дел на Охридското Езеро. Старото име на Струга е Енхалон,

што значи - јагула. По доаѓањето на Словените во 6-тиот век, градот го добива името Струга,

што значи - корито на река. Низ градот тече реката Црн Дрим која истекува од Охридското Езеро.

 

Кон крајот на 9-тиот век, во Охрид се јавуваат словенските просветители и творци на словенската писменост Кирил и Методиј, а подоцна и нивните ученици Климент и Наум. Тие овде создале жив центар на словенската култура и писменост. Тука почнува даработи првиот словенски универзитет чие дејствување се шири низ повеќе словенски земји.
Во 19-тиот век во Струга се раѓаат истакнатите македонски просветители браќата Димитар и Константин Миладинови. Постариот брат Димитар е собирач на македонски народен фолклор и учител на првите поети намакедонскиот романтизам. Помладиот брат Константин е основоположник на современата македонска поезија.

 

Струга денес ја продолжува својата културна традиција. Таа е еден од оснивачите и домаќин на меѓународниот поетски фестивал Струшки вечери на поезијата. Овде е формирана Меѓународна поетска библиотека и поетски архив со сета документација на сите досегашни учесници на фестивалот.

 

Струга е мост на меѓусебното запознавање и зближување на литературите и народите во светот.

 

 

 

 

 
Златен венец 2006
Златен венец 2006
Овогодинешниот добитник на наградата Златен венец...

 

 

 

 

 

 

 

©2005-2006 Институт за информатика