Почетна
Струга, градот на поезијата
Златен венец
Галерија
Историјат
Добитници
Учесници
Авторизација
 

Историјат на манифестацијата


 

 

Струшките вечери на поезијата се започнати во 1962 година, со серија читања на група македонски поети во чест на браќата

Константин и Димитар Миладинови, големи интелектуалци, учители и писатели, родени во Струга во почетокот на XIX век.

 

Константин Миладинов се смета за зачетник на модерната македонска поезија и секоја година фестивалот официјално започнува со неговата незаборавна поема “Т'га за југ” , напишана за време на неговиот студентски престој во Москва.

 

Од 1963, кога и голем број поети од сите југословенски републики му се приклучија на фестивалот, се воспостави наградата

“Браќа Миладиновци”, за најдобра поетска книга издадена во Република Македонија меѓу два фестивала . До 1966, СВП прерасна во интернационален поетски настан, и следствено,

се воспостави интернационална поетска награда наречена “Златен венец”, која се доделува на светски познат жив поет за неговиот поетски опус или животно дело од областа на поезијата.

 

Првиот добитник на оваа награда беше В.Х. Одн. Минатата година СВП и UNESCO ја воспоставија наградата “Мостови на Струга”

за најдобра дебитантска поетска книга од млад автор од целиот свет.

 

И покрај огромните потешкотии и суровата реалност со која Фестивалот мораше да живее (распадот на Југославија, војната во Босна, косовската криза, судирите во Македонија, терористичката криза по нападите од 11 септември во Њујорк, бројни политички и економски ембарга наметнати во регионот) , фестивал от успеа да се одржи и моментално е најстариот фестивал во светот кој континуирано се одржува 44 години.

 

Фестивалот има канцеларии во Струга и во Скопје (в.д. директор, извршен и технички секретар) и се организира од страна на фестивалскиот одбор,

кој се содржи од видни професионалци од областа на поезијата (поети, критичари, преведувачи и професори по компаративна книжевност).

 

Во 2005год. СВП го почести големиот американски поет В. С. Мервин со “Златниот венец”, а претставување имаше и националната израелска поезија . Меѓу другите настани СВП ја вклучува и Преведувачката работилница, која започнува една седмица пред Фестивалот и се фокусира на поезијата на овогодинешниот добитник на наградата “Браќа Миладиновци” (резултатите од Работилницата ќе се претстават на вечерта посветена на добитникот), како и два мултимедијални настани (поезија, музика и видео) наречени “Ноќи без интерпункција”, со што Фестивалот се отвора за нови, експериментални форми на поетска презентација, кои вклучуваат и други уметности (музика, видео, итн.) . Темата на овогодинешниот Симпозиум е “ Арс поетика ” и веќе го привлече вниманието на бројни литературни експерти од регионот.

 

За 44-те години постоење, Фестивалот пречекал околу 4.000 поети, преведувачи, есеисти и литературни критичари од 95 земји од светот.

 

 

 

 
Златен венец 2006
Златен венец 2006
Овогодинешниот добитник на наградата Златен венец...

 

 

 

 

 

 

 

 

©2005-2006 Институт за информатика