odi na neolit_opsto.htm
 
  odi na sadovi_keramika.htm
 
 
   

 

За Музејот...

 

Музеј на град Скопје е основан 1949 година. Во 1970 година музејот се сместува во адаптираниот дел од Железничката станица кој располага со 4.500 м2 од кои 2.000 м2 е изложбен простор. Од тогаш до денес како комплексен музеј тој ја поврзува дејноста на подрачјето на археологијата, историјата, етнологијата, историјата на уметност, во регионот на град Скопје.
Музејот го сочинуваат осум одделенија: Археолошко, Историско, Етнолошко, Историја на уметност, Конзерваторско, Документационо, Фото филмско, Педагошко пропагандно и Општо одделение кои функционираат сами за себе но и се надополнуваат меѓу себе. Во овие одделенија работат 50 лица.
Основната задача на Музејот е Музејската дејност-истражување, прибирање, средување, заштита и чување на музејскиот материјал. Музејот врши и стручна обработка и научно проучување на музејскиот материјал како и негова јавна презентација преку тематски проекти и изложби како во земјата така и во странство.
Паралелно со Музејската дејност Музејот активно работи и во рамките на Ликовната дејност, во чии рамки во текот на една година успешно реализира над 40 изложби од домашни автори како и уметници од други држави. Секоја изложба е пропратена со каталог или деплијан.
Музејот поседува фонд од 21.950 музејски предмети распоредени во четирите одделенија:
Археологија: 12 000 експонати
Историја: 2 965 експонати
Етнологија: 5 010 експонати
Историја на уметност: 2 965 експонати
Во фундусот на музејот влегуваат донацијата од 182 фотографии од доаенот на македонската уметничка фотографија Благоја Дрнков и донацијата на Јапонската графика Укијое.
Во 1991 година Љубомир Белогаски му подари на Музејот на град Скопје 159 дела (претежно акварели). Оваа збирка, која има исклучителна вредност и прва од таков вид во државата, го овозможи формирањето на галеријата при Музејот на град Скопје што го носи името на донаторот Љубомир Белогаски и во која чувајќи го споменот за него постојано се изложени во галеријата “ Љубомир Белогаски ” која е во склоп на музејот.
Во рамките на музејот работи и “Отворено графичко студио-МАК ГРАФ“ отворено во 1994 година кое има и меѓународен карактер, простор за постојан контакт меѓу уметниците но и публиката, каде уметниците графичари можат да творат и да ги изложуваат своите дела.
Музејот на град Скопје има свои депанданси како што се:
-Во Сули ан(стара скопска чаршија) е сместена постојаната поставка за “Историјата на старата скопска чаршија“
-“Меморијалниот музеј на Покраинскиот комитет на КПЈ“
(кај Полициската станица на Бит пазар)
-“Меморијалниот музеј на илегалната работилница за оружје од НОБ“ (во подрумот на Комерцијална банка)
Во 2000 година по повод Јубилејот “50 години на Музеј на град Скопје“ се отвори постојаната поставка “Прошетка низ минатото“ која го опфаќа периодот од Праисторија до почетокот на ХХ век.
Музејот има голем број на вон програмски активности како што се одржување на концерти, промоции, театарски представи, проекција на филмови и др.
Во текот на еднa година Музејот е посетен од групни и поединечни посетители како од земјата така и од странство, а бројката ја надминува 8000 посетители...повеќе

 

панорамски поглед на долна сала (археологија) (4.37 MB)
- панорамата е осетлива на курсорот (средина=бавна крај=брза)
- доближувањето/оддалечувањето се врши со помош на десен клик (zoom +/-)

панорамски поглед на горна сала (4.29 MB)
- панорамата е осетлива на курсорот (средина=бавна крај=брза)
- доближувањето/оддалечувањето се врши со помош на десен клик (zoom +/-)

панорамски поглед на меѓународна изложба (213 KB)

видео - Музеј на град Скопје (24.6 MB)
- видео материјалот е во .zip формат и е достапен со превземање (download)
- bit rate: 1499,2 Kbps
полош квалитет (6.6 MB)
- видео материјалот е во .zip формат и е достапен со превземање (download)
- bit rate: 397,7 Kbps

Сите права задржани
' Институт за информатика'
'Центар за дигитизација на културно наследство'
'Музеј на град Скопје'