odi na opsto_muzej.htm
 
 
  odi na sadovi_keramika.htm
 
 
 

 

Неолитска епоха

 

Младото камено време (НЕОЛИТ, 6000-3500 г. п.н.е.) е една од најзначајните историски етапи од развитокот на човекот. Неговата појава ги означува почетоците на најголемиот процес во општествено-економската револуција и првите чекори во создавање на современиот свет. Неолитските цивилизации, подееднакво присутни на различни географски ширини, животот го започнале во оптимално добти климатски и биогеографски услови. Неолитот е пред се епоха на земјоделството(се разбира придружено со сточарството), за која од исклучително значење се трите елементи: земја, вода и сонце. Обработувањето на земјата и одгледувањето на домашните животни станале основни стопански гранки. Неолитскиот човек свртен кон плодната земја и пасиштата, како извор на животот се почесто се врзува за едно место. Започнал да подига постојани живеалишта и населби со што биле воспоставени и првите основи на организацијата и развитокот на општествената заедница.

Сите права задржани
' Институт за информатика'
'Центар за дигитизација на културно наследство'
'Музеј на град Скопје'