Неолитска населба Говрлево-Скопје
Република Македонија

 

Скопско во минатото со својата геолошко- географска, климатска и еколошка поставеност овозможило повеќе- милениумско човечко дејание низ неолитската епоха. За тоа сведочат многубројни археолошки податоци, а помеѓу нив е и неолитската населба Говрлево, која беше откриена 1981 година во месноста “Церје“ 1,5 км. југоисточно од селото Говрлево. Таа со својата археолошка содржина најдобро го одсликува неолитот на овие простори. Со досегашните археолошки истражувања на населбата Говрлево востановена е повеќе- слојност преку страти- графска слика, вертикално одсликана со шест хоризонти на живеење. Почетокот на населбата е втемелен пред 8000 години, т.е. во раниот неолит, интензивно се развива низ среден и згаснува во доцниот неолит, пред 4000 години.
Стратиграфската хоризонтала обележува случувања низ бронзено и железно време, навлегува во историскиот период на римската и византиската власт на овие просторич додека денешнината пулсира со реминисценции на средновековието преку црквата-извор “Св. Кузман и Дамјан“, и манастирскиот комплекс “Св. Трифун“.
Овој локалитет со просторни димензии од 5 хектари површина и над 4 метри напластени културни слоеви, како и со временска опфатеност од осум милениума е мошне значаен извор за сознанија на праисторијата не само кај нас туку и во Европа.
osnova na kukja, lokacija GovrlevoАрхеолошките истражувања на населбата дадоа информации за градба на куќи во техниката плитар и компонирање на внатрешноста со парапетна преграда која ја дели на две простории по оска исток – запад. Во јужната просторија е огништето, а во северната, печка за печење на леб и куќен жртвеник. Куќниот инвентар го сочинуваат садови од керамика, разновидни по облик и големина, како и камено и коскено орудие, накит. Посебни се садовите од типот на аскос, од минијатурни до изразито големи димензии. Зачестени се разновидни антропоморфни и зооморфни статуетки , сите со единствен уметнички досег со што ја збогатуваат сеопштата историја на уметноста.
Овие предмети се носечка структура на праисторискиот дел на постојаната археолошка изложба во Музејот на град Скопје. Помеѓу тие експонати се наоѓаат: Големата Мајка-серодителка, симболот на секој плод и плодноста, потоа печат со врежани семантеми (симболи) и антропоморфна глава, како примероци кои се неодминливи при толкувањето на балканско-анадолискиот комплекс во времето на земјоделен и житен неолит.
Со најновите истражувања во стратиграфски контекст се согледани подвижни артефакти коишто со својата фактографија ги одсликуваат материјалите, технологијата, утилитарноста и уметничките аспекти, коишто неолитскиот творец не само што ги вообличил како објекти туку и како негова ингениозна рака, со вештина на уметнички израз ги извајал во единствени уметнички дела, кои влегуваат во светската антологија на неолитската уметност.
Оваа далекусежна и ненадминлива вистина ја потврдува тезата, дека во контекст на балканско-анадолиски комплекс Македонија има активен придонес во таканаречената неолитска револуција. Говрлевската населба покажува дека нејзините жители не само што биле активни учесници во сето ова, туку и нивната ролја е двигател, тие се промотори на осознавањето за суштината на човекот, што е толку експлицитно кажано меѓу останатото и преку наодите како што се:

Сите права задржани
' Институт за информатика'
'Центар за дигитизација на културно наследство'
'Музеј на град Скопје'

odi na stranata 'askosi' odi na stranata 'ognishte' odi na stranata  'ornamentirani sadovi'