Отвори мени
Назад кон почетокот
Испрати порака

 

За Етнолошката поставка....

Прибирањето на етнографските предмети во Македонија започнува во 1920 година кога во рамките на Филозофскиот факултет во Скопје се формираат збирки како надгледно средство на студентите. Во 1925 година е формиран музеј од комплексен тип каде што егзистира етнографско одделение. За време на Втората светска војна ова одделение ја продолжува својата работа во состав на тогашниот Народен музеј. Во 1945 година се формира Народниот музеј на Македонија со археолошко и етнолошко одделение. Во 1949 година, етнолошкото одделение прераснува во посебна институција-Етнолошки Музеј на Македонија. Од 1977 година, Етнолошкиот музеј продолжува да работи во рамките на Музеите на Македонија-Археолошки, Етнолошки и Историски.

Уште од своето формирање Етнолошкиот музеј ја има задачата да го прибере, проучи и сочува етнолошкото културно наследство на нашата земја и преку својата изложбена издавачка и едукативна дејност да го направи достапно на јавноста.

Во Етнолошкиот оддел се чуваат над 18.000 предмети систематизирани во повеќе збирки. По преселувањето во новоизградената зграда во Старата скопска чаршија во 1977 година, стручниот кадар на Етнолошкиот музеј изработи концепција за постојаната етнолошка поставка чиј прв дел се реализираше во 1955 година.

Целокупната етнолошка поставка ги опфаќа следните тематски целини: народни носии, народни обичаи и музички инструменти, народно стопанство, народна архитектура и народно ткаење. Богатиот фонд на музејските систематски збирки овозможува да се опфатат позначајните теми од разни домени на народниот живот и творештво, преку кои посетителите ќе се запознаат со значаен сегмент за етнокултурата на Македонија

назад

 

 

За авторот



.............................