Галерија 6




Граници

Границата на државата на Марко се простирала на исток по Раечка Река, според Аџиевски. Тоа го заклучува, од фактот што сите села подарени од браќата Јован и Константин Драгаш, кои господареле со таа територија, биле десно од Раечка Река. 

На север, Марко владеел со подрачјето на Маркова Река, јужно од Скопје, потоа териториите што се протегаат југозападно од Скопје во поречието на Треска до утоката во Вардар.77

На запад, Марко ги владеел Преспа, Демир Хисар, Порече, Кичевската област и териториите до Дебар. Притоа за Преспа и Демир Хисар, нема никакви податоци во изворите, но Аџиевски верува дека тие во кониинуитет биле под власт на Волкашин и Марко и дека токму отсуството на извори за нив, го потврдуваат тоа.

Територијата на Марко, тогаш била помала и од државите на Драгашите и кнез Лазар, бившите негови вазали. Негова престолнина бил градот Прилеп, по кој се нарекува државата на Марко и Прилепско кралство.

Атанасовски пак државата, поведувајќи се по Наумов ја нарекува Прилепско Македонско кралство, наведувајќи дека од малубројните натписи што се зачувани од Марко, никаде тој не се нарекува “српски” или “Ромејски” крал. Туку дека тој е македонски крал, односно крал на Прилепското Македонско кралство.

Прилеп, бил единствена престолнина на кралот и во тоа време градот силно се развил. Марко е неразделно поврзан со Прилеп и прилепската тврдина и денес го носи неговото име. Но и покрај широката политичка дејност на Марко, од него денес не е пронајден ниеден официјален документ, никаква повелба,81 а досега се пронајдени само 33 монети на кралот Марко. Парите се ковани во Охридската ковница. И по отцепувањето на Охрид од страна на Гропа, престанало ковањето на пари.

Марко, иако бил крал и формално-правно наследник на Неманиќите, не ги наследил државно-правните традиции. Така во црквите во државата на Марко, немало портрети на Св. Симеон Немања и на Св. Сава, родоначалниците на Немањиќите, за разлика од моравската група. Потоа црковните достоинственици на Марко не учествувале на државниот собор во Пеќ во 1375 година, од што може да се види, дека не потпаѓале под Пеќката патриаршија. Потоа Волкашин и Марко не го користеле титуларното име, Стефан, кое во Србија имало државносимболично значење. Тоа име го користеле сите српски владетели, почнувајќи од Немања, а подоцна и Твртко, босанскиот крал, кој од 1377 година станал и српски крал, и неговите наследници а исто   така   и   кнез   Лазар  и  неговите    наследници.  Со  тие   потези, Волкашин и Марко, сакале да ја истакнат династичката самостојност и независност од Немањиќите.

Можеби токму тие стремежи, допринеле феудалците и црквата од старите српски земји, да не го сметаат Марко за крал, што било потврдено во октомври 1377 гогина, кога за нов српски крал бил прогласен Твртко Котроманиќ. На ова крунисување не се спротиставил Марко, што Атанасовски го зема како аргумент, за да докаже дека Марко не се сметал за “српски” крал, туку наполно независен, чија држава се наоѓа во Македонија и затоа се нарекува Прилепско Македонско кралство. Со прогласувањето на Твртко за српски крал, веќе Марко ни формално-правно не е српски крал, бидејќи постоењето на две српски кралства нема реална основа.

 

 

Webmaster, Институт за информатика, Скопје
Copyright© Сите права задржани 2006