Галерија 1




Македонија

Територијата на Македонија била доста долг временски период, под власт на Византија. Но, во XIII век доаѓа до засилено слабеење на византиската држава. Тоа слабеење, во прв ред го искористила младата српска држава, посебно да се прошири на територијата на византиските владеења ва Македонија.

Српските навлегувања и завладувања во Македонија, започнале со доаѓањето на српскиот престол на кралот Милутин (1282-1321), во 1282 година.  Тие завладувања продолжиле и траеле се до 1345 година. Тогаш практично цела Македонија, без Солун, потпаднала под српска власт во времето на Стефан Душан (1331-1355). Србија го достигнала во тоа време, своето најголемо издигнување.

Но, тогаш се појавуваат и првите знаци за распаѓање на Душановото царство, во ликот на крупниот феудалец, Хреља. Тој се осамостоил и формирал свое кнежевство на просторот помеѓу Штип, Рила и Струмица, пред 1341 година. Имало тенденции и од други феудалци за осамостојување, но сепак Душан успеал да ги смири. Но, по неговата смрт, во 1355 година и доаѓањето на престолот на неговиотсин Урош V (1355-1371), сепаратистичките тенденции, одново зајакнале.

Младиот цар Урош, бил немоќен да се спротистави на сепаратизмот  на крупните феудалци. Отпаѓањето на Македонија од Српското царство се случило на етапи од 1356 година до средината на шеесетите години на XIV век.  Во тој период, се формираат владеењата на Симеон, чичкото на Урош, српски намесник во Епир, кој се зацврстил во Костур. Потоа, византиските феудалци-браќата Алексиј и Јован, ги освоиле Хрисопол, Христопол (денешна Кавала) и областа Завалтија и овде се утврдиле. Од 1360 година, како господар на Костур се појавува Радослав Хлапен, кој ги завладеал и Воден и Бер, а како мираз го добил и Мариово , по бракот со кесарицата Ирина. Тој се одметнал на границата на педесетите и шеесетите години на XIV век.7 Во мариовската област пред Хлапен, господар бил кесарот Прељуб, кој ја добил оваа област од Душан. По неговата смрт, Мариово, како наследна баштина, ја добила неговата жена, кесарицата Ирина. За по бракот со Радослав Хлапен, како што кажавме порано, Мариово да биде приклучено во владеењата на Хлапен. Во југоисточна Македонија со центар во Сер, владеела царицата  Елена,  мајката  на   Урош.  Таа  после  1360  година  владеела наполно самостојно.

Webmaster, Институт за информатика, Скопје
Copyright© Сите права задржани 2006