Манастирот во Лешок  Св.Атанасиј
Историско-хронолошки преглед
Галерија
Кирил Пејчиновиќ
Анимација
3D модел на манастирот
3D за симнување (11,5 MB)
Автори
   

Манастирскиот комплекс Св. Атанасиј

            На 8 километри оддалеченост од градот Тетово, на југоисточното подножје на Шар Планина, лежи селото Лешок. Во т.н. Горно Лешочко маало, на надморска височина од 610 метри, се наоѓа познатиот Лешочки манастир, во чиј комплекс постојат црквите Св.Атанасиј и Св.Богородица , како и гробот и спомен собата на Кирил Пејчиновиќ кој е еден од најпознатите македонски преродбеници од XIX век. Со неговото доаѓање од Света Гора во 1818 година обновени се манастирските конаци,основана е манастирската библиотека, а Лешок прераснал во книжевен и просветен центар. Точното време на ѕидање на црквата Света Богородица не е познато. Најстарите податоци за неа се од првата половина од XIV век,односно од 1326 година и се смета дека нејзиното настанување е во време пред  XIV век. Црквата Свети Атанасиј е изградена во 1924 година и се наоѓа на самиот манастирски комплекс, веднаш до црквата Света Богородица и конаците. Нејзиното опстојување било прекинато со минирањето и уривањето на 21 август 2001 година. Денес оваа црква е повторно подигната на истото место, а нејзината изградба е при крај.

            Лешок се спомнува  како градска населба  во 11 век, во чија што близина била изградена црква околу која подоцна биле изградени конаци и се создал манастир. Црквата била посветена на александрискиот епископ Св. Атанасиј. Целиот овој комплекс се наоѓал на местото кое денес е познато под името Стар Манастир, на падината на Шара. Според податоците што се наоѓаат  на ктиторскиот саркофаг, црквата, а потоа и конаците,биле изградени во првата половина на 14 век,од страна на првиот полошки епископ Јоаникие. На манастирот му припаѓале и црквите Св. Никола - позната кај населението Слатински, која се наоѓа исто на Шар планинската падина на околу 500м  одалечена  Св Атанасиј  и десно од патот кога се оди кон селото Брезно и десно од долот Добра Вода. Третата  црква што му припаѓала на манастирот била  Св.Богородица што се наоѓала во Епископскиот двор односно локалитетот од денешниот манастир,која е сочувана до ден денес. Манастирот непрекинато опстојувал од крајот на 14 век. По потпаѓањето под турско ропство престојот на монасите во манастирот станал несигурен. Тој честопати бил пљачкосуван од арамии. За да се спречат овие напади полошкиот епископ Никанор изградил нови конаци во епископскиот двор каде што денес се наоѓа црквата Св.Богородица,со што манастирот се дислоцирал на денешно место. Стариот манастир останал без монаси и како таков опстојувал до 1690 год. Таа година се водела војната меѓу Австрија и Турција. Во ова војна се приклучиле и македонски востаници. Меѓутоа востанието било крваво задушено од страна на Турците, а тоа значело крај за стариот Манастир. Турците предводени од Халил паша целосно ги разурнале манастирските конаци и манастирската цркава Св.Атанасиј. Новиот манастир што го изградил лешочанецот Никанор ја имал истата судбина како и стариот манастир. Конаците биле целосно разурнати, а останала само една куќичка и црквата Св.Богородица. Манастирот останал во урнатини 130 години. Тогаш дошол јеремонахот Кирил Пејчиновиќ којшто бил роден во селото Теарце.Пејчиновиќ со посредство на Турци од Теарце побарал одобрение од Абдурман паша за обнова на манастирот и откако добил согласност,започнала обновата на манастирот.

                                                           Изградбата на манастирските конаци

            Во обновувањето на Лешочкиот манастир учествувале голем број на луге,свештеници и занаетчии од Лешок и околните села од Тетово. По смртта на јеремонах Кирил, во 1845 година негов наследник станал игуменот Серафим, од селото Варвара.Тој продолжил со изградбата на манастирот, па во 1850 и 1856 година изградил уште два големи конаци. Потоа дошол Самоељ, но тој не изградил никаков објект. Него пак го наследил аџи Езекил од селото Глоѓи. Притоа овој игумен бил со многу големи организаторски способностии. Манастирот го збогатил со купување ниви,згради во Скопје и Тетово, а сакал да го купи и Калето.Во негово време бил изграден конакот кој постои и денес.Пред да го изгради новиот тој го разурнал стариот конак кој во минатото го изградил Кирил Пејчиновиќ. По убиството на аџи Езекил, за игумен бил назначен јеремонахот Еротеј од Тетово. Тој го изградил конакот во 1906 година северно од конакот на игуменот аџи Езекил. Истиот тој конак во 1946 година бил пренаменет во болница за белодробни заболувања, а во 1957 бил запален.Денес просторот е расчистен. По предлог на митрополитот Кирил во 2000 год е изградена угостителска сала и со бетон е направено плато пред конакот.

 

   

                                                                                                                                                                                                        >>  

 


Галерија
Кирил Пејчиновиќ
Анимација
3D модел на манастирот


2006 Институт за Информатика, ЦДНН