Потекло на иконите














Селото Пезово е расположено на еден гребен поставен во правец североисток-југозапад. Тоа е од разбиен тип. Истото е ограничено со селото Кутлибег од западната страна, а на југоисток со село К'шане. Во селото има доста стари остатоци од различни културни периоди. Најкарактеристични се остатоците од две утврдувања на местата Голема Вукасија и Градиште.
Голема Вукасија е возвишение со надморска височина од 609 м, во близина на патот кој ја поврзува Кумановската област со Овчеполието. На ова возвишение некогаш постоела тврдина и се гледаат слаби остатоци од ѕидови.
Друго утврдување се наоѓало на возвишението Градиште крај патот кој води за селото Бељаковце, со надморска височина од 750 м.

Во минатото преку селото Пезово водел каравански пат од Солун.

Црквата Св. Параскева е изградена во источниот дел на селото, на патот кон селото К'шање. Црквата е доста стара и мала. Има два влеза и поделена е на два дела: "машка црква" и "женска црква" .


с. Пезово - црква Св. Параскева

© Copyright, 2005 - 2006 - Институт за информатика, Центар за дигитизација на национално наследство на Македонија, Елизабета Стајиќ. Сите права се задржани.