Потекло на иконите














Селото Никуљане се наоѓа во северниот дел на Кумановската област. Сместено е на надморска височина од 580 м. Опкружено е со околните села како Челопек од Североисточниот дел, Четирце на Запад, Старо Нагоричане од Југоисточниот дел. Пазарскиот пат на Никуљане е дел од патот во правец Козјак - Челопек - Никуљане - Куманово. Тоа бил главен пат по кој жителите на селото го воделе добитокот за продажба во Куманово.

Некогашното Никуљане во минатото имало стара црква која била во горниот, односно северниот дел на населбата. Со пропаѓање на старото село Нукуљане била срушена и старата црква. Во периодот околу 1900 г. на истите темели од старата црква е изградена денешната црква Св. Илија.

с. Никуљане - црква Св. Илија

© Copyright, 2005 - 2006 - Институт за информатика, Центар за дигитизација на национално наследство на Македонија, Елизабета Стајиќ. Сите права се задржани.