Потекло на иконите















Карпински манастир - Воведение на Богородица

Селото Орах е распоредено на надморска височина 780 до 940 м, на ридско земјиште во правец од североисток и рамно земјиште од југозапад на надморска височина од околу 600 м. Ваквата распореденост има големо економско значење - ридскиот дел има добри пасишта, а на рамнината се плодни ниви. Околните села се: Страцин, Канарево, Облавце, Руѓинце.
Селото е од разбиен тип, издолжено во правец на северозапад кон југоисток. Ова село спаѓа во најстарите села во Кумановскиот крај.

Во близина на селото Oрах се наоѓа манастирот Карпино - црква Воведение на Св. Богородица која е изградена во XVI / XVII век. Црквата за првпат се споменува во еден запис на ракописните евангелија од 1952 г., па во друг запис - ракопис на апостол од XVII век, и на записите на самиот манастир од XVIII и XIX век.

Црквата св. Никола се наоѓа во Каменитичкото маало, изградена од камен и покриена со плочи, а околу неа се распоредени селските гробишта.

Црква Воведение на Богородица


© Copyright, 2005 - 2006 - Институт за информатика, Центар за дигитизација на национално наследство на Македонија, Елизабета Стајиќ. Сите права се задржани.