Потекло на иконите













 

Селото Градиште се наоѓа во крајниот југоисточен дел на Кумановската област. Распоредено е десно од патот од Куманово за Св. Николе, во подножјето на возвишението Градиште што има надморска височина 790 м, што се наоѓа јужно од селото. По ова возвишение и самото село го добило името. Други села кои го опкружуваат се Павлешенце, Габреш, Кучкарево, К'шане. Традицијата укажува на тоа дека на темето на возвишението Градиште се наоѓал Римскиот град, од која тврдина има остатоци од ѕидови, цигли и црепови. Во околината на овие остатоци од тврдината, на крајот на XIX век на темелите на стариот храм изграден е селскиот манастир Св. Ѓорѓи.
Некогашниот стар манастир бил многу познат и богат, зашто изобилувал со пчелни кошници, земја и добиток поставен во средината на шумата.

Градишки манастир - црква Св. Ѓорѓи

 

© Copyright, 2005 - 2006 - Институт за информатика, Центар за дигитизација на национално наследство на Македонија, Елизабета Стајиќ. Сите права се задржани.