Потекло на иконите














Галерија на икони

Галеријата на икони е сместена на катот во самата црква Св. Никола во Куманово. Изложбата на иконите е тематска и може да биде променета т.е. иконите кои се во депо да бидат изложени, а некои од изложените да бидат повлечени.

Во галеријата се наоѓаат бројни икони кои потекнуваат од неколку цркви и манастири од кумановскиот крај кои се наоѓаат во оддалечени и пасивни места, каде биле подложни на исчезнување и заборав, а тука собрани се на едно место за да бидат достојно презентирани.

 

© Copyright, 2005 - 2006 - Институт за информатика, Центар за дигитизација на национално наследство на Македонија, Елизабета Стајиќ. Сите права се задржани.