Потекло на иконите














Опис на икони за кои нема слика и моментално не се изложени и предмети кои се изложени, а нема слика

НЕИЗЛОЖЕНИ
-----------------------------------

Св. Архангел Михаил

Иконата има синозелена заднина. Светецот е претставен со меч во десната рака, а во левата има сфера. На себе има црвена наметка и панцир. Легендата е на словенски.
(црква Св. Никола, Куманово)

* * *

Царски двери, Благовештение

Дверите се изработени во дрвена резба плитко поставена и покриена со позлата. На неа се претставени растителни мотиви од расцутени цветови и назабени долгнавести листови. Благовештението е претставено на средината, а во горните медалјони се старозаветните пророци и цареви Давид и Соломон, кои имаат отворени свитоци. Легендите се напишани на словенски.
(црква Св. Ѓорѓи, Градишки манастир)

Св. Троица

Овде се претставени новозаветните Троица. На иконата Исус Христос и Саваот седат, а над нив се спушта во светлосни зраци св. Дух во вид на гулаб. Христос во десната рака има голем дрвен крст, а во левата отворено евангелие. Саваот со десната рака благословува, а во левата има крст и сфера.
(црква Св. Ѓорѓи, Градишки манастир)

* * *

Богородица Портарица

Овде е претставена Богородица со Христос сигнирана со епитетот Портарица. Заднината на иконата е со зелена боја. Легендата е на грчки и словенски.
(црква Св. Богородица, Градишки манастир)

* * *

Седумте икони од карпинскиот манастир се од празничниот ред на иконостасот. Тие имаат ковчежец и заднина со златна боја. Стилот на сликањето е посебен, фигурите се издолжени, а лицата се ситно претставени. Легендите се испишани со црвена боја на црквено-словенски јазик.

(црква Воведение на Св. Богородица, Карпински манастир)

* * *

ИЗЛОЖЕНИ
-----------------------------------

"Печатен Псалтир, 1736г.,
црква Св. Никола, Куманово
"

* * *

"Огледало, Кирил Пејчиновиќ, 1816г.,
црква Св. Никола, Куманово"

* * *

"Владичка митра"

* * *

"Евангелие со метален опков, Забелски манастир"

 


© Copyright, 2005 - 2006 - Институт за информатика, Центар за дигитизација на национално наследство на Македонија, Елизабета Стајиќ. Сите права се задржани.