НАСЛОВНА
ЗА КАВАДАРЦИ
ЦРКВИ
Манастири
Пештерни цркви
АРХЕОЛОШКИ НАОЃАЛИШТА
МУЗЕЈ
Лапидариум
Етно. Предмети
Народни носии
Метал-накит
Керамика
СПОМЕНИЦИ

Споменици
На 16 Јуни 1943 година во месноста „Чаирот", бугарскиот фашистички окупатор го изврши едно од најголемите злосторства во текот на Втората светска војна во Македонија.
На тој ден беа стрелани дванаесет младинци од с. Ваташа на возраст од 15 до 27 години, а потоа нивните тела на најѕверски начин се масакрирани.

Спомен костурница на паднатите борци од НОВ и револуцијата 1941-45 година, лоцирана во градскиот парк. Во неа се сместени посмртните остатоци на загинатите борци, жртви на фашистичкиот терор во периодот од 1941-1945 година.

Единствен сочуван споменик на културата од средновековниот период во општина Кавадарци,лоциран во централното градско подрачје е Марковата кула.

Во селото Ваташа, Кавадарeчко, во куќата на народниот херој Страшо Пинџур, во знак на благодарност и длабоко признание за неговата револуционерна дејност, е отворен меморијален музеј. Музејот се состои од два дела: битов дел и документарен дел.

Споменикот на слободата и револуцијата е подигнат во центарот на градот Кавадарци во чест на 333 борци од Општина Кавадарци кои биле жртви на фашистичкиот терор за време на НОВ и револуцијата 1941-1945. Споменикот е дело на на академскиот скулптор Пјетро Палавачини.

Споменикот на Народните херои Киро Крстев и Димче Мирчев се наоѓа на почетокот од градскиот парк, во близина на салата на ДТВ „Партизан“. Подигнат е во чест на загинатите Народни херои Киро Крстев од Кавадарци и Димче Мирчев од Велес.
Споменици:
Види и:
Copyright© 2006, Институт за Информатика, Скопје. Сите права задржани.