НАСЛОВНА
ЗА КАВАДАРЦИ
ЦРКВИ
Манастири
Пештерни цркви
АРХЕОЛОШКИ НАОЃАЛИШТА
МУЗЕЈ
Лапидариум
Етно. Предмети
Народни носии
Метал-накит
Керамика
СПОМЕНИЦИ

Пештерни цркви
Марковата пештерна црква се наоѓа на југозападно од селото Драдња. Природната пештера длабока околу 15м, високо издигнатата над сувиот дол и сместена во карпите е искористена за градба на црква посветена на св.Никола. Не е познато, зошто добила име Маркова црква. Во приземниот дел се наоѓа натпис, делумно зачуван, современ, со живописувањето и подигањето на црквата, меѓутоа, од него не може да се утврди кога таа точно е подигната и живописана.

Пред акумулациите на Тиквешкото Езеро пештерната црква посветена на Св. Лазар високо се издига над кањонот на рекичката Каменица.
Се смета дека е изградена и живописана во 14 век. Во текот на изминатите години па и векови, урнати се северниот, западниот и дел од источниот ѕид. На сочуваните остатоци од јужниот ѕид и дел од олтарната апсида, има фрескоживопис.
Во олтарната апсида има остатоци од фреската на Св. Богородица и неколку ликови на светци" насликани во медалјони на јужниот ѕид.
Пештерни цркви:
Слики:
Види и:
Copyright© 2006, Институт за Информатика, Скопје. Сите права задржани.