НАСЛОВНА
ЗА КАВАДАРЦИ
ЦРКВИ
Манастири
Пештерни цркви
АРХЕОЛОШКИ НАОЃАЛИШТА
МУЗЕЈ
Лапидариум
Етно. Предмети
Народни носии
Метал-накит
Керамика
СПОМЕНИЦИ

Музеј галерија - Кавадарци
Лапидариум | Етнолошки предмети | Метал-накит

Музеј-галеријата, Кавадарци е лоцирана во централното градско подрачје на релативно рамен терен. Објектот е со катност (приземје, кат и подрум-депо). Главниот влез на Музејот е од север пред кој се наоѓа широко пешачко плато-тротоар.
Од останатите страни граничи со индивидуални станбени и деловни објекти. Главниот влез е со ограда од ковано железо на парапетен sид, а другите три оградни sида се изведени високо. Долниот дел е од камен со бетонски серклаж и потоа ѕид од тули на кого има оставено сводести ќерамиди. На партерот од овој простор т.е. во дворното место, на отворено сместен е Лапидариумот-камени споменици со огромно културно и историско значење.

Музеј галеријата од Кавадарци е институција од посебен општествен интерес, која освен основната дејност: прибирање, обработка, заштита и презентација на музејски материјал, се занимава и со галериска дејност.

Музеј галеријата е основана во 1973 година, а со работа отпочнува 1976 година и тоа токму со отворањето на ликовната изложба на словенечкиот автор, академски сликар Марио Вилхар од Љубљана.


Музеј галеријата од Кавадарци е од типот на комплексни музеи во кој делуваат историско, археолошко, етнолошко, одделение за заштита на спомениците на културата и секако галериско одделение.

Во изминзтиот период од скоро 30 години во неа се презентирани повеќе од 250 изложби на кои се претставени голем број сликари, графичари, скулптори, а секако и изложби од историски, археолошки и етнолошки карактер.

Во музејот:
Слики:
3D Прошетки:
Видео:
Види и:
Copyright© 2006, Институт за Информатика, Скопје. Сите права задржани.