НАСЛОВНА
ЗА КАВАДАРЦИ
ЦРКВИ
Манастири
Пештерни цркви
АРХЕОЛОШКИ НАОЃАЛИШТА
МУЗЕЈ
Лапидариум
Етно. Предмети
Народни носии
Метал-накит
Керамика
СПОМЕНИЦИ

Манастири
Полошкиот манастир Св. Ѓорѓи се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија во близината на Кавадарци, на падините на планината Вишешница, на границата помеѓу областите Тиквеш и Мариово. Неговата положба некогаш била високо над левиот брег на реката Црна, од спротива на селото Полошко по кое го добил името.

Над селото Долна Бошава опстојува до денешни дни само манастирската црква посветена на Св. Архангел Михаил. Денес се видливи урнатините на некогашните манастирски конаци - сведоци за некогашниот активен живот на манастирските братја.

На три километри јужно од селото Ваташа, во убав шумски предел се наоѓа Моклишкиот манастир посветен на Св. Никола. Над влезот на црквата од внатрешната страна сочуван е натпис во кој се вели дека манастирската црква е изградена во 1594/95 година.
Манастири:
Слики:
Види и:
Copyright© 2006, Институт за Информатика, Скопје. Сите права задржани.