НАСЛОВНА
ЗА КАВАДАРЦИ
ЦРКВИ
Манастири
Пештерни цркви
АРХЕОЛОШКИ НАОЃАЛИШТА
МУЗЕЈ
Лапидариум
Етно. Предмети
Народни носии
Метал-накит
Керамика
СПОМЕНИЦИ

Манастири>>Полошки манастир
Историја на манастирот | Живопис | Галерија

Полошкиот манастир Св. Ѓорѓи се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија во близината на Кавадарци, на падините на планината Вишешница, на границата помеѓу областите Тиквеш и Мариово. Неговата положба некогаш била високо над левиот брег на реката Црна, од спротива на селото Полошко по кое го добил името.

Насликани се повеќе драматични сцени и композиции кои доминираат во наосот на црквата. Тие почнуваат со композицијата „Тајна вечера", преку „Молитва на Маслинова Гора", „Христос пред Кајафа", до неговото распетие. Како што се редат сцените, зографот се повеќе и повеќе внесува драматизам за да стигне до најдраматичната композиција Распетие Христово. Во оваа композиција зографот внесол нови моменти, не само што се врзани со драмата, туку се дадени извесни детали кои композицијата ја одделуваат од познатите истоимени претстави во византиската уметност, со што ја прават единствена и осамена.

Културното наследство од црквата „Св.Ѓорѓи“ – Полошки манастир: архитектура, фреско-живопис, иконопис, резба.
Манастири:
Слики:
Види и:
Copyright© 2006, Институт за Информатика, Скопје. Сите права задржани.