НАСЛОВНА
ЗА КАВАДАРЦИ
ЦРКВИ
Манастири
Пештерни цркви
АРХЕОЛОШКИ НАОЃАЛИШТА
МУЗЕЈ
Лапидариум
Етно. Предмети
Народни носии
Метал-накит
Керамика
СПОМЕНИЦИ

Тиквешко езеро

Тиквешкото Езеро е вештачко езеро и се наоѓа врз коритото на Црна Река. Зафаќа површина од 1.400 ха со различна длабочина од 1 до 105м, должина 28.5км и со 475.000.000 метри кубни вода.
Се наоѓа на надморска височина од 165м, има конусна форма, а се протега во правец север-југ.

Тиквешкото Езеро на север се граничи со вештачки создадената брана во близина на с.Возарци, на исток со атарите на населените места: Брушани, Ресава, Бегниште и Куманичево, како и висорамнината Витачево, на запад се граничи со атарите на с.Добротино, Праведник и планината Вишешница, а на југ со Мрежичко и Клиново.

Како главен извор на вода за полнење на Тиквешкото Езеро е Црна Река и Драгор.
Во Тиквешкото Езеро се констатирани повеќе видови риби од кои предмет на стопанската
експлоатација се:
- фамилија Cypimus caprio (краповидни) и тоа: крап, караш, толстолобик, црвеноперка, клен,
скобал (бојник), белвица, линјак, мрена и др;
- фамилија Perca fluviatilis (костреж), претставници перкија и костреж;
- фамилија Silurus glamis (сом) се единствен претставник сом;

Со изградбата на хидроелектраната се совпаднаа интересите на двете стопански гранки:
електростопанството и водостопанството, односно производство на електрична стуја и наводнување
на над 18.000 ха од плодното Тиквешко поле.
Тиквешкото Езеро со своите археолошки локалитети во крајбрежниот појас, културно – историските
споменици и важноста на зачувување на генетскиот фонт од орнитофауната,
има научна, воспитно образовна, културно просветна и рекреативна намена.

Слики:
Види и:
Copyright© 2006, Институт за Информатика, Скопје. Сите права задржани.