НАСЛОВНА
ЗА КАВАДАРЦИ
ЦРКВИ
Манастири
Пештерни цркви
АРХЕОЛОШКИ НАОЃАЛИШТА
МУЗЕЈ
Лапидариум
Етно. Предмети
Народни носии
Метал-накит
Керамика
СПОМЕНИЦИ

Етнолошки предмети>>Народни носии
Женска народна носија | Машка народна носија

Тиквешките народни носии се дел од материјалната култура на Тиквешани и претставуваат репрезентативен дел од народното уметничко творештво. Во оформувањето на народните носии од Тиквеш, освен културно-историските прилики и творечкиот дух на народот, големо значење имале и географско-природните карактеристики на тиквешкиот регион кои ги определувале условите на стопанисување и културата на населението. На-родната носија, освен што го заштитува човекот во различни временски услови, таа го украсува човекот, ја определува неговата територијална припадност и семејниот статус.

Тиквешката женска и машка носија припаѓаат на средновардарскиот вариетет на народни носии кој е во состав на источно-македонскиот тип носии. Овие две носии се преоден тип носии и се надоврзуваат на носиите од Велешко и Гевгелиско. 19 Тиквешките носии се лесни и имаат мал број облековни елементи со сиромашна везбена и друга декорација. Народните носии се женски домашни ракотворби. Дел од облековните елементи на носиите ги изработувале и занаетчии-терзии.
Народни носии :
Етнолошки предмети:
Види и:
Copyright© 2006, Институт за Информатика, Скопје. Сите права задржани.