НАСЛОВНА
ЗА КАВАДАРЦИ
ЦРКВИ
Манастири
Пештерни цркви
АРХЕОЛОШКИ НАОЃАЛИШТА
МУЗЕЈ
Лапидариум
Етно. Предмети
Народни носии
Метал-накит
Керамика
СПОМЕНИЦИ

Етнолошки предмети
НАРОДНИ НОСИИ ОД ТИКВЕШ
Народната носија во Тиквеш претставува репрезентативен дел од народното уметничко творештво. Тиквешката женска и машка носија припаѓаат на средновардарскиот вариетет народни носии кој е во состав на источномакедонскиот тип носии. Овие две носии се преоден тип носии кои се надоврзуваат на носиите од Велешко и Гевгелиско. Тиквешките носии имаат мал број облековни елементи со сиромашна везбена и друга декорација.

ПОКУЌНИНАТА ВО СЕЛСКИТЕ КУЌИ ВО ТИКВЕШ
Според намената, покуќнинските предмети се поделени на:

АЛАТКИ И ПРИБОР ЗА ПРЕРАБОТКА НА ВОЛНА, КОЗИНА, ПАМУК, ЛЕН И КОНОП
Секое селско домаќинство во Тиквеш поседува традиционални алатки и прибор за преработка на волна (ракатен и ножен гребен, фурка со вретено и прешлен, чекрк, родан, мотовилка и разбој), памук (вител, фурка-памучарка) и лен и коноп(мелица, појасмалка, прелка и башлак).

ТРАДИЦИОНАЛНО СТОПАНСТВО ВО ТИКВЕШ
Земјоделството е основна стопанска дејност на населението во Тиквеш во кое се застапени: поледелство(одгледување житни култури), одгледување фуражни и индустриски култури, градинарство, лозарство и овоштарство. Во земјоделството се користат традиционални алатки, справи и прибор кои се рачна и ковачка изработка.

ТРАДИЦИОНАЛНО СТОЧАРСТВО ВО ТИКВЕШ
Сточарството во Тиквеш било особено развиено во турскиот период. Во бачилските мандри се произведувале големи количини млеко и млечни производи. Во бачилските колиби сточарите користеле главно дрвена покуќнина(столчиња, трпези, качиња, мали бутини), а во колибите каде го преработувале млекото тие користеле каци-сирници, прибор за добивање сирење, големи бутини, казани и др.
Етнолошки предмети:
Види и:
Copyright© 2006, Институт за Информатика, Скопје. Сите права задржани.