НАСЛОВНА
ЗА КАВАДАРЦИ
ЦРКВИ
Манастири
Пештерни цркви
АРХЕОЛОШКИ НАОЃАЛИШТА
МУЗЕЈ
Лапидариум
Етно. Предмети
Народни носии
Метал-накит
Керамика
СПОМЕНИЦИ

Археолошки наоѓалишта
Поважни археолошки локалитети во Кавадаречко:

лок. “Пешково ридче”
- Лоциран е на околу 1,5 км северо - западно од село Ресава-кавадаречко, на брегот на тиквешкото езеро, 500 метри од пумпата на “Фени”, и околу 800 метри северо-источно од археолошкиот локалитет ”Тиквеш” или познат како “Градот”. Евидентиран е во археолошката карта, Кавадарци како мала римска некропола која припаѓа на отворена населба лоцирана западно, денес под водите на Тиквешкото езеро.

лок. "Градиште" - Се наоѓа непосредно до селото Глишиќ од северната страна на голема површина. Во лозјата на повеќе лица од с. Глишиќ евидентиран е многуброен фрагментиран археолошки материјал од римска и хеленистичка керамика, фрагменти од питоси и градежен материјал кои укажуваат на значаен локалитет со долга континуирана културна стратиграфија.

лок. "Градот" - Денес остров на Тиквешкото Езеро, значајна римска, доцно античка и средновековна фортидикација - Средновековен град Тиквеш.

лок. "Танко Патче" - На левиот брег на р."Луда Мара", наспроти селото Глишиќ откриени се остатоци кои укажуваат на доцно римска населба.

лок. "Белград" - Се наоѓа на околу 6 км. источно од Кавадарци е евидентирано интензивно присуство на градежен и керамичен материјал од доцно антички период. Локалитетот има поглед кон запад и визуелна врска со лок. "Градиште",с.Глишиќ.

лок. "Св.Атанас" - Северо-западно од селото Конопиште на нагласен рид,интересен фонд на доцно античка керамика. По археолошките ископувања на овој локалитет се согледани контури на ранохристијанска базилика.

лок. "Сува Чешма" - Југоисточно од селото Марена на околу 3 км. во реонот на чешмата на површина од 10 декари, забележана е римска керамика, питоси, рачници, тегули, гредежен материјал, камени плочи и др.

лок. "Руен" - Северо-западно од селото Мрзен Ораовец, на околу 3,5 км. каде што претпријатието "Фени" - одделение за неметали извршува истражување на мермерот. Месноста позната е и по името "Марков стап", а и како Мајдан "Стоби".Забележани се столбови како финални и полуфинални производи на овој мајден.

лок. "Св. Илија" - "Оливара" - Во дворот и црквата (чесна трпеза и надвратникот), сместена е маса архитектонскаи сакрална доцно римска пластика.Се претпоставува дека поткнуваат од лок. Оливара кој се наоѓа во реонот на црквата, каде се пронајдени фрагменти од керамика, питоси нумизматички материјал со изразито доцно антички карактеристики.

лок. "Моклишко Кале" - Комплексен локалитет каде доминира фортификација, праисториска населба, како и рано византиски сакрален објект во реон на постоечкиот манастир.

лок. "Чаковец" - Во реонот на селото Ресава констатирани се остатоци од праисториска керамика, извршени се археолошки ископувања кои укажаа на значајна неолитска населба.

лок. "Вршник" - "Дукена" - Од западната страна во близина на селото Сопот на поголема површина од страна на селаните се наоѓани фрагментирани археолошки наоди, според што се смета дека се работи за поголема доцно античка населба.
Види и:
Copyright© 2006, Институт за Информатика, Скопје. Сите права задржани.