Теракотните икони од Виничко кале

Во непосредна близина на Виница се наоѓа архолошки локалитет Виничко Кале во кое се пронајдени археолошки материјали од различни временски периоди. Виничко кале денес се наоѓа на светската карта на археологија благодарение на единствените откритија , врзани за ранохристијанската уметност во Македонија. Но, сепак најпозната е колекцијата на теракотните икони. Оваа колекција содржи повеќе примероци и се претпоставува дека датираат од многу одамна.

Единствени во светот

Од досегашните истражувања кои започнаа во 1985 година е потврдено дека Виничко кале особена важност има во античкиот период , како важен антички град и подоцна како значаен христијански центар во Македонија. Токму од тој период потекнуваат теракотните икони.

Теракотните икони од виничкото кале се единствени во светот, а за науката досега непознати. На нив се прикажани ликови на светители, симболични животни и композиции. По содржина најблиска сличност имаат со иконите од Тунис, Африка од периодот на V и VI век.