Тврдина „Маркова Кула”

Тврдината „Маркова Кула”
лежи на тесниот планин-
ски срт североисточно од
варошот. Бранителите можеле од неа директно да дејствуваат врз напаѓа-
чите кои напаѓале од север. Тврдината имала
трапезна основа, со ѕидови широки 1,80 - 1,90
метри. Бидејќи стоела на
самиот раб на Человечки
просек, источната страна
и била неправилна и се руши во длабокиот просеп. Јужниот ѕид бил зајакнат со една четвртеста кула.
Долгиот северен ѕид бил зајакнат со 2 четвртести кули на аглите и една триаголна кула на средината. Тврдината била изградена врз постари
(хеленистички) остатоци. Таков е камениот ѕид без малтер со силен насип зад него, 14 метри широк, што го зајакнувал просторот
зад челниот византиски ѕид.




Панорама на Демир Капија
(поглед од Тврдината „Маркова Кула”)