Демир Капија

е општина во јужниот дел на Македонија, распослана меѓу реките Вардар и Бошавица, на просторот на прекрасната Демир-каписка клисура. Теренот на кој лежи општината е рамничарски, ограден од североисток со реката Вардар, од југ со пошумените височини на планината Кожуф. Името Демир Капија го даваат Турците кога го освојуваат во 1385, во превод значи „Железна Порта“. Просторот на Демир Капија отсекогаш бил место каде што живееле повеќе народи со различни култури. За тоа сведочат археолошките ископини од различните локалитети.

 

 

Просек е всушност денешна Демир Капија. Името Демир Капија го даваат Турците кога го освојуваат во 1385, во превод значи „Железна Порта“. Средновековното име Просек е словенско и е само превод на античкото име на градот кој некогаш постоел тука-Стенае, што значи всечен во карпите. Денес ова место се забележува кога патувате по вардарската магистрала, крај Демир Капија односно на ридовите кои ја оформуваат Демиркаписката клисура долга 10 километри. Клисурата започнува кај Демир Капија, а завршува кај село Удово....>>повеќе