Музеј галерија


 

Музеј-галеријата од Кавадарци е институција од посебен општествен интерес која освен основната дејност: прибирање, обработка, заштита и презентирање на музејски материјал, се занимава и со галериска дејност.

Музеј-галеријата е основана во 1973 год., а со работа отпочнува 1976 год. И тоа токму со отварање на ликовна изложба на словенечкиот автор, академски сликар Марио Вилхер од Љубљана.

Во изминатиот период во Музеј-галеријата се презентирани повеќе од 250 изложби на кои се претставени голем број сликари, графичари и скулптори.

Музеј-галеријата во иизминатиот период организираше бројни самостојни и колективни изложби, извршена е промоција на неколку ликовни колонии и тоа: “ Конопиште ”, “ Дојрана ”, а посебен предизвик е претставувањето на млади и неафирмирани ликовни уметници.

Денес Музеј-галеријата располага со солидна збирка од нешто повеќе од 100-тина уметнички слики, графики, скулптури и таписерии. Во колекцијата на уметнички слики кои се во сопственост на оваа институција се застапени дела на: Петар Мазев, Глигор Чемерски, Љубомир Белогаски, Ана Темкова, Никола Баснарков, Симон Шемов, Јован Јосифовски-Ромбо, Илинка Глигорова, Ружица Јосифовска, и многу други.

Музеј-галеријата од Кавадарци има значајно влијание во изготвување на културниот живот во Кавадарци, а посебно во збогатување и афирмирање на ликовната уметност од градот.

 


 

 

 

 

Пешково Ритче (Археолошки ископини - пронајден гроб)

Музеј галерија на град Кавадарци

 


Лапидариум

 

Метал и накит низ вековите

 

Грнчарството низ вековите

 

 

 



previousnext