Информации за градот Берово
Во најисточниот дел на Република Македонија во горното сливно подрачје на реката Брегалница, сместена е убавата и богата со шуми Малешевска котлина. Таа од сите...
Адреса:
Архимедова 5, П.Фах 162
1000, Скопје,
Р. Македонија
Тел и факс:
+389 2 3249 750
+389 2 3162 078
Центар за дигитизација на националното богатство
ПОЧЕТОК:
Центарот за дигитизација на националното наследство (ЦДНН) при Институтот за Информатика на Природно-математичкиот факултет официјално беше отворен на 01.03.2005 година во присуство 150 претставници на повеќе културни и научни институции, факултети, фирми и студенти од Република Макдеонија.

ВИЗИЈА:
Да се овозможи дигитизирана презентација на националниото наследство на Македонија.

ЦЕЛИ:
• Постојано надоградување на web порталот на ЦДНН
• Изработка на презентирачки апликации за националното наследство на Македонија
• Развој на програмски алатки за презентација на националното наследство
• Организирање семинари, работилници и конференции
• Воведување на нови наставни содржини на студиите по Информатика за запознавање на студентите со нивното национално наследство.

СОРАБОТКА:
ЦДНН соработува со повеќе институции од областа на културата и заштитата на националното наследство како Министерства за Образование и Наука и Култура, национални и локални музеи, библиотеки, институти и факултети, приватни компании, индивидуалци како и повеќе меѓународни институции меѓу кои UNESCO, SEEDI, MINERVA,…

ПРОГРАМА на активности на ЦДНН:
1. Постојано надоградување на web порталот
2. Репрезентирачки алатки за објекти и активности од областа на националното наследство
(web сајтови, 3D анимации, визуелизации…)
3. Постојан контак со претставници од институции и компании
4. Организација на студентски курсеви кои поддржуваат концепти на национално наследство
5. Организација на семинари, работилници и конференции (првата SEEDI конференција)
6. Посета на меѓународни средби, активно присуство на меѓународни конференции…
7. Партнерсво во домашни и меѓународни проекти за дигитизација на националното наследство
2006-2009 © Центар за дигитизација на националното наследство. Овој материјал не смее да се издава,
емитува, препишува и повторно дистрибуира во било која форма освен со претходна дозвола